Многу земји би сакале да бидат домаќини на средбата Путин-Трамп! Песков: РАНО Е ДА СЕ ЗБОРУВА ЗА ТОА!

52
EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY

Многу земји изразуваат подготвеност да бидат платформа за потенцијални преговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, но прерано е да се зборува за тоа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој рече дека се уште нема суштински подготовки за средбата Путин-Трамп, но додаде дека постои политичка волја за тоа.

„Ваквите контакти се многу неопходни и препорачливи“, нагласи Песков, пренесе агенцијата РИА Новости.

Претходно денеска советникот на Трамп за национална безбедност Мајкл Волц изјави дека се очекува Путин и Трамп телефонски да разговараат во наредните денови или недели.

Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно изјави дека Србија е заинтересирана да биде место за средба на Трамп и Путин и дека тоа може да гарантира целосна безбедност за двајцата претседатели.

ИЗДВОЕНИ