„Многу сме блиску, а сепак сме далеку“: Порака од Вашингтон до Блискиот Исток

107

Американскиот претседател Џозеф Бајден треба да разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „во блиска иднина“ за тековните преговори за заложници, изјави денеска американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан за Си-ен-ен.

– Многу сме блиску (до договорот за Газа), но сепак далеку бидејќи не сме таму. Можно е тоа да биде направено пред 20 јануари, но не можам да бидам сигурен – изјави Саливан.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера ги испрати своите преговарачи на највисоко ниво во Доха, што е индикација дека разговорите таму се ближат до кулминација.

Сепак, висок арапски дипломат запознаен со разговорите за израелскиот портал изјавил дека и понатаму постојат значителни пречки.

Неименуван израелски функционер вчера изјави дека е постигнат одреден напредок во индиректните разговори меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, со посредство на Египет, Катар и САД.

Посредниците ги продолжуваат напорите да постигнат договор за прекин на борбите во енклавата и ослободување на преостанатите израелски заложници кои ги држеше Хамас пред новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата на 20 јануари.

Договорот ќе вклучува и ослободување на некои палестински затвореници од израелските затвори.

ИЗДВОЕНИ