Европскиот производител на „Кока-Кола“ во Белгија денеска најави масовно повлекување на своите производи во Европа поради претерано високите нивоа на хлорат.
Повлекувањето се однесува на стаклени шишиња производи на Кока-Кола како што се Sprite, Fanta, Fuse, Minute Maid, Nal, Royal Bliss и Tropico во Белгија, Холандија, Британија, Германија, Франција и Луксембург, кои се во оптек од крајот на Ноември.
Овие производи содржат шифра на производ од 328 GE до 338 GE.
„Немаме точни бројки, но јасно е дека се работи за значителна сума“, изјави за АФП од Coca-Cola Europacific Partners Belgium.
Се додава дека најголемиот дел од предметните производи кои не се продадени се веќе повлечени од полиците на продавниците и продолжуваат да се преземаат мерки за повлекување на сите останати производи на пазарот. Компанијата соопшти дека е во контакт со надлежните органи на секој од засегнатите пазари.
Компанијата која се извини бара да не се консумираат споменатите производи. Тие можат да се вратат на местото каде што се продадени за паричен надомест.
„На нашата производна локација во Ганд, спроведуваме тестови како дел од нашите процедури за контрола на усогласеноста со регулативата. „Овие контроли овозможија да се идентификуваат високи нивоа на хлорат“, велат од компанијата.
Според веб-страницата на Европската комисија, хлоратот во храната доаѓа од дезинфекција со хлор, кој се користи за третман на вода и преработка на храна, а водата зазема убедливо најголем удел.
Управата за безбедност на храна на ЕУ во научно мислење од 2015 година оцени дека долготрајната изложеност на хлорат во исхраната може да претставува потенцијален здравствен проблем за децата, особено оние деца кои имаат благ или умерен дефицит на јод.
„Сепак, дури и ако се земат предвид највисоките проценети нивоа, малку е веројатно дека вкупната количина конзимирана во еден ден го надминува препорачаното ниво за потрошувачите од сите возрасни групи“, се заклучува во соопштението.