Легендата на боречки вештини, Џеф Монсон (53), ги изненади апсолутно сите со својата одлука да премине во ислам. Тој неодамна се ожени по исламски обичаи и ужива во новиот живот.

Американецот, кој 25 беше активен години во спортот, со години живее во Русија. Тој се откажа од американско државјанство, дури беше и пратеник во рускиот парламент, а кога доби руски пасош рече: „Во мојот дух чувствувам дека сум Русин“.

Фактот што се откажа од Соединетите Американски Држави му донесе многу придобивки во Русија. Тој дури доби и свое ТВ-шоу.

  • Не се согласувам со американската политика, тие се мешаат во работите на другите земји, а луѓето страдаат поради нив. Имам деца во САД, но ги сакам Русија и Русите, истакна Монсон.

Сега повторно ги изненади сите. Минатото лето премина во ислам, а во октомври се ожени според исламски обичаи.

  • Јас и Екатерина се венчавме според исламските обичаи во октомври. Церемонијата се одржа во џамија во градот Уфа. Многу го сакам тој град. Преферирам да не зборувам јавно за мојот приватен живот. Сè што можам да кажам за Екатерина е дека таа е од московскиот регион и живеела во Воркута, вели Џеф.

Легендарниот борец ја заврши кариерата со биланс од 61 победа, 26 порази и две нерешени.