Во повеќето земји во светот воениот рок за жени сѐ уште е доброволно, но се зголемува и бројот на земји во кои има воен рок за жени, пишува Дојче веле (DW) и додава дека последен случај на воведување воен рок за жени е Данска.
Парламентот на таа земја неодамна одлучи од 1 јули сите жени кои наполниле 18 години да добиваат известување за воена обврска, а од почетокот на следната година да започне и регрутирање.
Според информациите од данските вооружени сили, жените веќе сочинуваат четвртина од регрутите кои волонтираат во армијата – во таа земја воената обврска трае од четири до 12 месеци, во зависност од тоа што регрутите избрале за време на тримесечната основна обука.