Младите Данкинки би можеле да бидат повикани на воена служба веќе на 1 јули 2025 година, изјави денеска данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Пулсен.
„Со оглед на моменталната ситуација во одбранбената и безбедносната политика, вооружените сили треба да регрутираат повеќе луѓе и затоа е важен сигнал да се воспостави целосен паритет меѓу жените и мажите до 1 јули 2025 година“, рече Поулсен.
Новиот рамковен договор, со кој се зголемува стажот на воениот рок од четири на 11 месеци, првично предвидуваше младите жени да бидат повикани од 2027 година, објави Франс прес, пренесе Бета.
Поточно, женските лица кои ќе наполнат 18 години по 1 јули 2025 година, ќе бидат поканети да учествуваат на Денот на одбраната 2026 година, годишен настан на кој младите мора да влезат на лотарија.
Тие извлекуваат број кој одредува дали треба или не да служат војска, во случај бројот на волонтери да е недоволен.
Како одговор на зголемената закана од Русија, Данска во февруари објави дека ќе одвои дополнителни 6,8 милијарди евра за одбрана во следните две години.
Минатата година веќе има зголемување од 5,4 милијарди евра.