Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години оствари убедлива победа над Словачка од 80:54 на вториот пријателски меч што се одигра во Скопје. Нашите надежи беа подобар ривал на теренот во СРЦ „Кале“ и сосема заслужено ги добија сите четири четвртини. На полувреме имавме водство од 36:20, а во второто полувреме само ја зголемивме предноста.

Најефикасен во нашите редови беше Теодор Симиќ со 19 поени, а додаде и шест скока и две асистенции, додека Бошалески уфрли 17 коша.