Младата Ана Радевска ќе добие помош од 50.000 денари за лекување

873

Општина Гази Баба ќе додели финансиска помош во висина од 50.000 денари  за лекување на средношколката, 16 годишната Ана Радевска.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, по повикот во јавноста за собирање средства, контактирал со нејзиното семејство и како што истакна донел Одлука, Општината да и додели финансиска помош на малата Ана.

– Ќе се донесе решение со кое доделуваме еднократна парична помош за лекување на малата Ана во висина од 50.000 денари. Со мојата одлука, верувам дека како Општина ќе дадеме свој придонес во собирањето на финансиските средства потребни за неговото лекување – изјави Стефковски.

Тој апелираше до граѓаните да се приклучат кон хумантарната акција со вртење на телефонските броеви: Т-мобиле 143115, А1 – 143479.

 

ИЗДВОЕНИ