Младиот американски кошаркар Ное Скари (17) е убиен во Филаделфија, на пат кон училиште. Според американските медиуми, тој бил ѕвезда во својот средношколски тим „Самуел Фелс“, а бил убиен непосредно пред тренинг. Сето тоа се случило недалеку од неговиот дом, а во кобниот момент бил во друштво на мајка си, која била сведок на злосторството.

Наводно, на убиството му претходело снимање видео за рап-песна што се појавила претходниот ден. Во него, Скари носи маска на стрип-јунакот Џокер и држи пиштол, додека другите до него се вооружени со оружје.

Засега нема информации за мотивот за убиството на Скари, но се знае дека се случило сето тоа во вторникот изутрината, кога било пукано 20-ина пати во негова насока. Полицијата повела истрага и веднаш разговарала со неговата мајка, која гледала на улица како го убиваат.

ИЗДВОЕНИ