Младиот хрватски џудист Иван Безиќ (16) се бори за живот откако вирус му го нападнал срцевиот мускул и паднал во кома. Детали за болеста на младиот спортист објави џудо-клубот Пујанке од Сплит, каде што тренира младиот Иван и кој ја пренесе изјавата на неговиот татко заедно со повик за молитва.

-Молете се за мојот Иван, нека ја почувствува вашата поддршка. Тој е во кома и води тешка битка за живот (вирусот на грип го зафати и неговиот срцев мускул). Тој е храбар борец и нека ја чувствува поддршката од својот народ. Драги наши, молете се со сето срце за нашиот Иван да излезе како победник од оваа битка!, објави таткото на младиот спортист.

Иван го освои сребрениот медал на сениорското државно првенство во Хрватска во јануари, иако тогаш можеше да настапува во кадетска конкуренција. Покажа исклучителен талент и во конкуренција на многу повозрасни натпреварувачи кога стана вицешампион на Хрватска во категоријата до 60 килограми.

 

ИЗДВОЕНИ