Митева: Три од 12 дискотеки со важечка лиценца не ги исполнуваат условите за работа

73

Три од дванаесетте објекти за кои беше објавено дека поседуваат активна лиценца за работа, не ги исполнуваат основните услови за работа, информираше на денешната прес конференција портпаролката на Владата, Марија Митева. Како што кажа таа, за останатите девет, во тек е проверка на документацијата.

Од вчерашната контрола на 12 објекти со активна важечка лиценца, до овој момент е утврдено е дека три од нив не исполнуваат минимум технички услови за дејноста, а поседуваат активна дозвола. За останатите 9 се уште е во тек проверката на документацијата и во текот на денот ќе бидете информирани – посочи Митева.

На новинарско прашање за кои клубови станува збор, таа не откри детали поради сензитивноста на истрагите.

Таа додаде дека за овие објекти ќе биде побарано од Министерството за економија веднаш де се одземат сите дозволи, да биде издадена забрана за дејност и да бидат преземени сите потребни мерки согласно закон ќе бидат преземени. Во текот на денот продолжуваат проверките.

– Направен е план и за проверка на сите објекти кои немале дозволи и кои работеле.

Она што се случи во Кочани не е само изолирана трагедија, тоа е симптом на расипан систем, наследен од долгогодишна корупција. Ниту ќе замижуваме ниту ќе заштитуваме. Сакам да истакнам дека ја разбираме фрустацијата и дека правда ќе има – истакна портпаролката.

ИЗДВОЕНИ