Митева: Контролите продолжуваат, пет инспекциски екипи вршат проверки на објекти наменети за прослави и големи собири

17

Пет инспекциски екипи од денеска активно се на терен и вршат проверка на објектите што се наменети за прослави и големи собири, најави владината портпаролка Марија Митева на денешната прес-конференција.

Инспекциите, како што рече таа, ќе бидат фокусирани на проверки дали овие објекти ги исполнуваат минималните технички услови што ги бара законот.

„Во наредните денови очекуваме нов извештај од оваа контрола кој ќе даде појасна слика за нивоата на усогласеност и сите неопходни корективни мерки што ќе треба да се преземат“, рече Митева.

Таа додаде дека целосно е обработена целата потребна документација што е поврзана со сите неодамнешни инспекции и оти службениот записник е доставен до надлежните институции.

ИЗДВОЕНИ