Мистериозно труење во Ниш: Петмина завршија во болница

32

Пет лица од Ниш синоќа биле згрижени во Универзитетската болница во Ниш поради симптоми предизвикани од труење од засега неутврден извор.

Како што oобјавија српските медиуми, синоќа околу 20 часот и 30 минути во нишката болница пристигнале две жени кои работеле на клиниката на улицата Драгиша Мишовиќ со симптоми предизвикани од труење.

Набрзо се појавиле уште три лица со истите симптоми.

На местото на настанот се испратени пожарникари и полиција кои ја евакуирале целата зграда. Изворот на труењето се уште не е откриен, а се сомнева дека што и да ги предизвикало проблемите на овие луѓе доаѓало од надвор.

Четворица пациенти по укажаната терапија се отпуштени, а ниту петтиот нема сериозни последици. Полицијата извршила истрага и известено е Основното јавно обвинителство.

ИЗДВОЕНИ