Мистериозни состојки на живот пронајдени на астероид кој е блиску до Земјата!

148
A comet, an asteroid, a meteorite falls to the ground against a starry sky. Attack of the meteorite. Meteor Rain. Kameta tail. End of the world. Astranomy.

Примероците од карпи и прашина собрани од НАСА на астероидот Бену ги содржат хемиските основи за живот, според истражувањето кое обезбедува некои од најдобрите докази досега за можноста вселенските тела да донеле состојки на Земјата што овозможиле развој на животот.

Роботското вселенско летало OSIRIS-Rex 2020 на НАСА собра примероци од овој астероид блиску до Земјата, дел од некогаш поголемото астрономско тело формирано во Сончевиот систем на самиот почеток, пред околу 4,5 милијарди години.

Примероците се вратија на Земјата во 2023 година во капсула што слета во пустината Јута. Две анализи на примероци беа објавени во средата.

Во онаа објавена од списанието Nature Astronomy, пишува дека е пронајдена мешавина од различни органски соединенија. Во списанието Nature, пишува дека минералите настанале кога солената вода испарувала од телото од кое се одвоил Бену.

Во примероците се пронајдени 14 од 20 амино киселини кои градат протеини во живите организми. Пронајдени се и пет нуклеобази, основните компоненти на ДНК и РНК во организмите на нашата планета.

Во раните денови на нашиот систем, планетите и нивните месечини беа „мети“ на астероиди и други вселенски тела кои им носеа вода и други органски соединенија.

„Откривањето на овие градежни блокови на животот во примероците од Бену ја поддржува теоријата дека астероидите и нивните фрагменти ја засеале раната Земја со суровините што доведоа до појава на живот“, рече астробиологот на НАСА, Дени Главин.

„Покрај тоа, фактот дека овие хемиски градежни блокови на животот можат да се формираат во вселената и се широко распространети низ Сончевиот систем, ги зголемува шансите животот да потекнува надвор од Земјата“, додаде Главин.

Органските соединенија пронајдени на овој астероид претходно биле идентификувани на метеоритите кои паднале на Земјата. Но, тогаш постоеше сомнеж дека тие се контаминирани од копнени извори, додека примероците од Бену беа добиени директно од астероидот и пристигнаа на Земјата недопрени.

„Можеме да им веруваме на овие резултати“, нагласи Главин.

 

ИЗДВОЕНИ