Мистериозни дронови забележани над американските бази во Британија

38

Неколку неидентификувани беспилотни летала се забележани над три воздушни бази во Обединетото Кралство, потврдија американските воздухопловни сили (USAF).

Инцидентите, кои се случиле помеѓу средата и петокот, биле пријавени над РАФ Лакенхит и РАФ Милденхал во Сафолк, како и РАФ Фелтвел во соседниот Норфолк. УСАФ, која ги користи базите, рече дека се уште не е јасно дали беспилотните летала претставуваат закана. Тие не коментираат ниту дали се користени одбранбени механизми, но нагласија дека го задржуваат „правото да ги штитат“ своите објекти.

„Можеме да потврдиме дека беспилотните летала беа забележани во близина и над базите. Имаше неколку од нив, и тие се разликуваа по големина и конфигурација. Активно ги набљудувавме, а раководството на базата заклучи дека ниту еден од упадите не влијаел на жителите на базата или на клучната инфраструктура. Продолжуваме да го следиме нашиот воздушен простор и да работиме со локалните власти за да се осигура безбедноста на персоналот, објектите и опремата“, рече портпаролот на УСАФ за Европа.