Сцените на небото над Србија во изминатите неколку вечери предизвикаа вознемиреност кај многу граѓани. Сепак, мистериозната појава во вечерните часови има свое научно објаснување – ефектт на ореол околу месечината (или месечево хало).
Месечевото хало е оптички феномен кој се јавува кога светлината од Месечината се прекршува низ ледените кристали во високите облаци, како што е цирусот. Овие кристали функционираат како мали призми, ја прекршуваат месечевата светлина и создаваат светол круг или ореол околу Месечината.
View this post on Instagram
Најчестите карактеристики на ефектот на хало се:
Кружен облик: Ореолот обично има облик на совршен круг околу Месечината.
Бои: Понекогаш се забележуваат побледи нијанси на бои, со црвеникав внатрешен дел и синкав надворешен дел, сличен на виножито, но многу посуптилен. Овој ефект најчесто укажува на присуство на тенки облаци на надморска височина од 5 до 10 километри, кои содржат ледени кристали.
Хало ефектот е особено забележлив во студените ноќи или пред промена на времето, бидејќи може да биде знак за претстојна атмосферска нестабилност.
Низ историјата, луѓето сметале дека ефектот на ореол е знак на промена на временските услови или дури и симболичен феномен поврзан со верувања и митови.