EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња извесно време ќе биде надвор од терените поради мистериозна болест. Хезоња не го пропушти финалето на шпанскиот Суперкуп, кое му припадна на Уникаха (90:80), а дури по натпреварот тренерот Чус Матео откри дека неговиот кошаркар веќе извесно време има вирус.

  • Изгуби шест до седум килограми и сега мораше да ги „врати“. Веќе некое време повраќаше, имаше дијареа и висока температура. Ќе се обидеме да работиме со него за што побрзо да се врати во форма, изјави тренерот на Реал Мадрид без информација кога Хезоња ќе се врати на паркетот.

Извесно е и дека Хезоња го пропушта отворањето на сезоната во АЦБ лигата против Лејма Коруња, додека прашање е дали ќе биде во составот за мечот во Евролигата што „кралскиот клуб“ го очекува против Баерн на 3 октомври на гости.