Мистерија околу исчезнувањето на американските војници: Литванските спасувачи извлекле оклопно возило од мочуриштето

371

Литванските власти денеска објавија дека литванските спасувачи го извлекле од мочуриштето оклопното возило во кое биле четворицата исчезнати американски војници.

Локалните медиуми објавија дека минатата недела американско воено возило потонало во мочуриште на воен полигон во оваа балтичка земја, без да ги споменат војниците, пренесува Ројтерс. Литванското Министерство за одбрана потврди дека литванската воена полиција и американските истражители сѐ уште се активни на местото на несреќата.

Американските војници и нивното возило исчезнаа на полигонот Пабрада во близина на границата со Белорусија.

„Трпеливо и фокусирано ќе собереме дополнителни информации за оваа несреќа“, соопштија литванските власти на социјалната мрежа Х.

На 25 март беше започната голема акција за пребарување и спасување, а еден ден подоцна возилото беше лоцирано во мочуриште на длабочина од над пет метри.

ИЗДВОЕНИ