Минатиот викенд во Залбах, Австрија, заврши Светското првенство во алпско скијање, а имаше многу возбудувања, но и интересни работи за самите награди.

Стефани Вениер и Катарина Трупе освоија бронза во тимска комбинација. Вениер скијаше во спуст, Трупе скијаше во слалом и на крајот успеаја да освојат медал, што беше одличен резултат за Австријките. По освојувањето на медалот добија интересен подарок.

Еден од спонзорите на Светското првенство реши да ги награди освојувачите на медали од Австрија, а тие немаа поим што ги чека. Вениер и Трупе на подарок добија туш кабина вредна 6.000 евра, која ги изненади и двете скијачки.

Прво мислеле дека тоа е некаква шега, но на крајот сфатиле дека тоа е специјална награда.

  • Искрено, прво помисливме дека е тоалет, што ми беше интересно. На крајот, не е лош подарок, интересно е, кога ќе добиеш ваков подарок за медал, очекуваш уште изненадувања, но на почетокот мислевме дека тоа е некаква шега. На крајот сфативме дека е специјална награда, насмевнувајќи се проговори Вениер.

Не е првпат во светот на скијањето спонзорите и организаторите да делат интересни и необични подароци.

Овој пат во Австрија можеби отидоа чекор подалеку во однос на наградите.

ИЗДВОЕНИ