Целиот тениски свет беше изненаден кога беше објавено дека Британецот Енди Мареј ќе му биде нов тренер на најтрофејниот тенисер на денешницата, Новак Ѓоковиќ. Оваа информација го шокирала и францускиот тенисер Артур Казо, кој во емисијата „Ретоур гагант“ откри што е првото нешто што му паднало на ум кога ја слушнал веста.
- Бев толку изненаден кога го видов известувањето „Мари му стана тренер на Ѓоковиќ“ и помислив: „Дали е ова шега? Зарем не е тоа во април? Сфатив дури кога ја видов објавата кај Новак, на „Инстаграм“. Дефинитивно сите беа загрижени поради тоа. Мислам дека не се случило досега да соработуваат двајца играчи од иста генерација на овој начин, особено ако биле ривали со години – изјави Казо.
Младиот Французин продолжи да ја анализираат новата соработка, која ќе биде актуелна во текот на Австралија опен, а, можеби, и потоа.
- Слушнав дека Новак многу го почитува Енди, па мислам дека тоа е и основата на таа соработка: почитта на играчот кон тренерот и обратно. Едвај чекам да видам што ќе се случи, бидејќи добро се согласуваат. Ќе биде интересно да се види на почетокот од сезоната – додаде Французинот.
Конечно, Казо објаснува што значи овој потег за Ѓоковиќ.
- Ова покажува дека Новак сè уште сака да покаже нешто ново и да освојува титули бидејќи бара решенија – беше јасен францускиот тенисер.