Мис Русија и прва придружничка Мис на светот 2015 Софија Никичук е приведена во Внуково поради шверц на накит вреден 12 милиони рубљи.
Девојката во Москва пристигнала од Ница преку Истанбул и поминала низ „зелениот коридор“ за ВИП личности, но морала да чека на царинска проверка. Софија Никичук им покажала на цариниците златен часовник Patek Philippe, два прстени и ѓердан Картие од 750 карати. Таа рекла дека накитот не го пријавила бидејќи се работи за нејзини лични предмети.
View this post on Instagram
Вредноста на накитот се проценува на околу 12 милиони рубли. Руската федерална царинска служба извести дека против Никичук ќе биде поведена кривична постапка за криумчарење и царинско затајување, за кое дело може да се соочи со затворска казна до пет години. Таа се уште не е приведена, се вели во соопштението.
View this post on Instagram