Мошне добро дотераните девојки и жени кои во голем број беа присутни на настапатот на Мирза, вистински лудуваа со пејачот. Имаше богами и секси-мешања на турбо-хитовите, а и танго-танцувања во двојка. Со голем ќеиф, за секој по нешто. Со концертот на популарниот Мирза, се славеше „за сите пари“ 53. роденден на познатиот скопски доктор Емил Угриновски!
На ден-два пред денот на виното и вљубените се случи одличен скопски концерт на победникот на балканското шоу „Ѕвездите на Гранд“, пејачот Мирза Селимовиќ. Ноќниот клуб „Мош“ беше претесен да ги угости сите оние кои сакаа таа вечер да ја поминат со хитовите на Мирза (Сто кафана, Брод лудака, Не долази у снове, Бонасера, Хиљаду ружа, Дигни руке, Ти и ја…..) кој својот извонреден настап всушност го подари во вид на несекојдневен роденденски подарок, пеејќи му на нашиот познат доктор Емил Угриновски. Се славеше неговиот 53. роденден, заедно со познати личности од македонскиот џет-сет: пејачи, водители, спортисти, новинари, актери, музичари….и неговите добри колеги од докторска професија.
Мирза ни најмалку не се штедеше во интерпретациите на песните, па имавме можност да го слушнеме како одлично ги пее и кавер верзиите на песните од репертоарот на: Здравко Чолиќ, Оливер Драгојевиќ, Хари Мата Хари…. Босанско-херцеговскиот пејач, музичка ѕвезда на овие простори, беше одлично расположен онака како што прилега во таквите весели ситуации, роденденски!
Славеникот навистина искрено се потруди „за сите пари“ да обезбеди врвна ВИП-забава со еден од најпопуларните балкански пејачи по кој девојките од Вардар до Триглав силно лудуваат или немирно спијат.
А, мошне добро дотераните девојки и жени, кои во голем број беа присутни на настапатот на Мирза, вистински лудуваа со него. Имаше богами и секси-мешања на турбо-хитовите, а и танго-танцувања во двојка, популарно наречениот „стискавац“ во познатите балади. За секој по нешто. Затоа атмосферата вриеше до вжештеност. Да се знае и заслужено да се прераскажува дека сите кои дојдоа навистина прекрасно си поминаа.
Впрочем, како што симболично велат и текстовите во тие песни со Мирза: „Мора да је љубав“ или „Да се опет родим“. И едното и другото важи, кога Мирза пее, но и кога познатиот доктор роденденски слави. Со голем ќеиф!!! Дуле Миќиќ (строго забрането е копирање на сликите и текстот, како и објавување на други портали!)