Од Секторот за внатрешни работи информираат дека не се пријавени пловидбени несреќи и дека немало случаи на давеник во езерските води.
– Полициските службеници од Езерската полиција интервенираа во еден случај, кога безбедно извлекоа малолетник, чиј кајак се превртел. Потоа, при појава на пожар во пловен објект, а успешно извлекоа и пловен објект со повеќе лица, кој, при лоши временски услови, останал дефект во езерските води – потенцираа од СВР Охрид
Летната сезона во Охрид и на охридското крајбрежје заврши мирно, без позначајни нарушување на безбедноста на капачите. Од Секторот за внатрешни работи информираат дека не се пријавени пловидбени несреќи и дека немало случаи на давеник во езерските води.
– Полициските службеници од Езерската полиција интервенираа во еден случај, кога безбедно извлекоа малолетник, чиј кајак се превртел. Потоа, при појава на пожар во пловен објект, а успешно извлекоа и пловен објект со повеќе лица, кој, при лоши временски услови, останал дефект во езерските води – потенцираа од СВР Охрид.
Исто така, во текот на летото биле констатирани 45 прекршоци и биле санкционирани 29 сторители поради небезбедно управување со водни објекти, а биле откриени и четири илегални преминувања на државната граница во езерските води, на лица државјани на Република Албанија, кои биле затечени при незаконит риболов во македонските територијални води.
Против две лица биле поднесени и кривични пријави поради незаконит риболов и биле одземени вкупно 132 рибарски мрежи, со вкупна должина од 12.820 метри, со 2.050 парчиња риба пастрмка, белвица, крап и други видови.
Бил ставен акцент и на превентивното работење, со реализација на повеќе превентивни кампањи од проектот „Безбедно лето“, при што често се вршело предупредувања на лицата што управувале пловни објекти да не се движат во зоните за капачи, односно да се движат на оддалеченост од најмалку 300 метри од брегот на езерото, што е предвидено во чл. 13 од Законот за внатрешна пловидба.
– Во рамките на кампањата „Како против топлотниот бран“, полициски службеници и волонтери од Црвениот крст патролираа со полициски пловни објекти и остваруваа средба со лица што пловеа по езерото, им делеа вода, флаери со едукативна содржина и низ разговори, ги потсетуваа за најзначајните потреби за успешна заштита од силното сонце и од високите температури. Полициските службеници ги спроведуваа мерките самостојно и заеднички со други организациски единици од МВР, Капетанијата на пристаништата – Oхрид, Државниот инспекторат за земјоделство – Охрид и Црвениот крст – велат од СВР Охрид.