Мирно и без инциденти заврши бугарското чествување на годишнината за Мара Бунева, на кое присуствуваа околу 15-тина граѓани од кои дел од Бугарија, дел од Македонија.
Чествувањето започна во 11.30 часот со панихида во црквата Св.Димитрија кај Камениот мост. Во храмот беше изложена сликата на Мара Бунева која ја донесоа учесниците, имаше и леб и вино, а свештеникот целиот обред го изврши според сите канони. Потоа, граѓаните продолжија кон Кејот на Вардар каде е поставена спомен плочата на Мара Бунева о положока цвеќе.
-Ние сакаме мир и добри односи меѓу државите а тоа ќе се среди кога Бугарите во Македонија ќе се внесат во Уставот.
Претходно беше најавено дека панихидата и чествувањето за Бунева во храмот „Свети Димитрија“ и на Кејот на Вардар ги организира Виктор Стојанов, претседател на бугарската фондација „Македонија“ кој минатата недела упати апел до поддржувачите чествувањето да помине во ред и во мир, без провокации и замоли да не се носат бугарски знамиња. Како што објавивме, од македонското МВР за ВЕЧЕР соопштија дека на македонско-бугарската граница влезот во нашата земја ќе биде овозможен на оние лица кои ги исполнуваат условите. (Б.Ѓ.)