Седумнаесетгодишната руска тенисерка Мира Андреева е поразена во третото коло од  мастерс турнирот во Мајами. Таа беше поразена од Аманда Анисимова со 2:1, во сетови 7:6, 2:6, 6:3. Ова беше прв нејзин пораз по двете последователни титули во Дубаи и во Индијан Велс и 13 победи во низа.

Во првиот сет од овој меч, имаше голема драма: Андреева сервираше за 5:4, а потоа го спаси сетот за 5:6, за на крајот да падне во тај-брејкот – 7:6.

Руската тинејџерка успеа да се соземе и да ја „скрши“ ривалката, исто така со руско потекло, во вториот сет. Но Анисимова му се врати на својот агресивен тенис во третиот дел од играта. Клучниот брејк го направи на 5:3, кога од 30:0 ѝ зеде четири поени во низа на Андреева и го заврши мечот.

Финалето на мечот, како и „третото полувреме“, донесе драма кај љубителите на женскиот тенис. Имено, при 3:1 во третиот сет за Анисимова, побара медицински тајм-аут на средина од играта, поради повредата што ја доби на раката, велејќи му на судијата: „Не можам да го држам рекетот“.

Тоа не ѝ се допадна на Андреева и јасно стави до знаење дека сите знаеме зошто. Во тој момент, Анасимова зеде медицински тајмаут.

По натпреварот, Американката реши да се огласи на социјалните мрежи со видео од прстот и да објасни зошто морала да земе медицински тајм-аут  среде игра, но тоа не беше сè. Таа во еден момент го подаде само средниот прст пред камера, испраќајќи јасна порака до помладата колешка, заедно со коментар.

– Сите знаеме зошто при 3:1 звучеше навистина добро од некој што направи медицински преглед при 1:2 во првиот – напиша Анисимова.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ