Северна Европа викендов е под удар на моќен циклон, со екстремно низок воздушен притисок. Циклонот донесе обилен снег и бурни ветрови, заедно со снежна бура во Скандинавија и балтичкиот регион.
Во моментов, центарот на циклонот се движи преку Балтикот кон Русија, носејќи силен снег и силен ветер на својот пат. Најобилен снег се очекува на југот на Финска, во балтичките земји и на северот и западот на Русија.
Истовремено, во задниот дел на циклонот од север навлезе поларен воздух, па температурата вчера вечерта во Лапонија се спушти до -35 степени. Затоа, најстудено е на северот на Финска, а до -30 е забележано и на северот на Норвешка и Шведска.
На северот на Русија е под -20 степени, а ледениот воздух сега се шири низ Русија на југ. Низ европскиот дел на Русија, температурите паднаа под -15, а ледениот воздух стигна до Украина и во регионот на Црното Море, каде што многу студена воздушна маса навлезе до крајбрежниот регион на Црното Море во Русија и Грузија, а поларната воздушна маса достигна до Кавказ и до централниот и источниот дел на Турција.
Во останатиот дел од викендот циклонот ќе донесе обилни врнежи од снег и силни ветрови низ Источна Европа и Русија, а дожд и обилен снег ќе ја зафатат и Турција.
Она што е забележано е огромна температурна разлика над северна Европа. И додека температурата на северот на Финска, Шведска и Норвешка е под -30 степени, во крајбрежниот дел на југот од овие земји е околу повеќе од пријатни 0 степени.
За среќа, овој поларен удар нема да допре до нашите области, туку ќе се движи многу подалеку на исток и север, а источно од нас ќе навлезе далеку на југ сè до Турција.