Министерството за животна средина се приклучува на акцијата „Генералка викенд“

79

Со потпишување на Меморaндум за соработка од страна на првиот заменик премиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, со Гордана Софија и Ханес Јаецкл од „Ман енд Маунтен, МЖСПП продолжува со поддршката на најголемата волонтерска акција за собирање и селектирање на отпадот во нашата државата, „Генералка викенд“.

– Министерството за животна средина и просторно планирање посветено работи на спроведување на политиките за одржливо управување со отпадот. При тоа, спроведува и поддржува активности за чистење на постоечки депонии и спречување на создавање на нови на целата територија на државата, вклучително и заштитените подрачја – соопштија од МЖСПП, нагласувајќи дека оваа активност ја поддржуваат уште од самиот почеток во текот на изминативе четири години.

Меџити истакна дека за нив како министерство и за Владата, од голема важност е подигањето на свеста не само кај граѓаните, туку кај сите чинители – институции, бизнис заедница и други, како и развивањето на позитивните навики за постапување со отпадот што го создаваме, уште од најмали нозе.

„Генералка викенд“ е исклучителен пример на добра соработка на институциите на национално и локално ниво со домашни и странски компании, колективни постапувачи со отпад образовни институции, граѓански организации, медиуми, волонтер и други.

Во годинашнава пролетна акција се вклучија сите општини, вкупно 81, а над  20.000 волонтери – деца, студенти, пензионери, работници во комуналните претпријатија и општини, претставници од невладини организации, спортски клубови, национални паркови, вооружените сили, специјалните единици при МВР и многу други, исчистија повеќе од 400 локации низ цела земјата.

 

 

ИЗДВОЕНИ