Министерството за животна средина и просторно планирање ги објави годишните програми. Програма за инвестирање во животната средина, Програма за управување со водите, Програма за заштита на природата и Годишната програма за финансирање на управувањето со посебни текови на отпад. Овие програми Владата на Македонија ги узвои на 47-та седница.
Со Програмата за инвестирање во животната средина за 2025 година се утврдува намената и се доделуваат средства за финансирање, кофинансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за годинава. Средствата за реализирање на оваа програма се обезбедуваат од надоместоците утврдени во членот 162 од Законот за животната средина и се предвидени во Буџетот на Македонија за 2025 година во вкупен износ од 871.128.000 денари.
Средствата се намнети за следни активности: поддршка на мерки и активности за спроведување на обуки за заштита и унапредување на животната средина, поддршка на мерки и активности за управување и заштита на водите во Македонија, поддршка на мерки и активности за заштита на квалитетот на воздухот, поддршка на мерки и активности за третман на отпадни води и поддршка на мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина.
За реализација на pрограмата за унапредување со водите од Буџетот за годинава се обезбедени средства во висина од 31.735.000 денари.
Со Програмата за заштита на природата се утврдуваат активностите кои ќе се реализираат во 2025 година заради унапредување на заштитата на природата во Македонија преку имплементација на целите определени во Националната стратегија за заштита на природата со Акциски план (2017-2027). Средствата од оваа програма со вкупен износ од 77.510.000 денари ќе се обезбедат од буџетот и од донаторски средства од тековен повеќегодишен проект „Поддршка за пристапување на Северна Македонија во ЕУ во областа на животната средина – Фаза 2“ на Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Шведската агенција за животна средина во износ од 30.750.000 денари.
Со Програмата за финансирање на управувањето со посебни текови на отпад се утврдува намената и се доделувааат средства за финансирање на активности за постигнување на националните цели за посебните текови на отпад за 2025 година. Средствата за реализирање на оваа програма во вкупен износ од 131 милион денари се утврдени во Буџетот за 2025 година.