Министерството за култура и туризам во знак на почит кон настраданите во трагедијата што се случи рано утринава во Кочани и нивните семејства, информира дека сите планирани настани во установите од областа на културата во текот на следната недела се откажуваат.
Во големата несреќа што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани настрадаа 59 млади лица.