Арбен Таравари на својот профил на „Фејсбук“ објави дека вчера ненадејно колабирал, и дека бил итно пренесен во болница.
Тој рече дека во моментов се чувствува добро, и дека ги чека анализите од докторите.
„Вчера кружеше веста дека сум доживеал срцев удар.
Бидејќи отсекогаш сум ја споделувал вистината со вас, ви кажувам што се случи. Доживеав ненадеен колапс и итно ме однесоа во болница. Сè уште сум под опсервација бидејќи моите колеги се уште немаат донесено никакви заклучоци. Сепак, добро сум, со семејството и ќе ги чекаме одговорите на лекарите. Би сакал да ви кажам дека не очекував толку голема грижа и добрина од вас. Ви благодарам од се срце! Секогаш ваш! Арбен“, напиша Таравари на својот профил на „Фејсбук“.