Министерот за спорт Борко Ристовски, во Македонската Опера и Балет, додели петстоттини стипендии „Спортска надеж“. Овие талентирани млади спортисти од колективните и индивидуалните спортови ќе добиваат стипендија во вредност од 20% од просечната плата исплатена во претходната година.

-Ми претставува голема чест што можам да доделам финансиска помош на 500 дчиња, што ќе занчи и подобрување на нивниот развојот во спортот со кој се занимаваат. Ова е мал гест од Министерството за спорт и Влада, и затоа одлучивме да го направиме јавно со цел да им дадеме значење на децата и родителите. Едноставно да се даде важност на се што прават во спортот, без разлика дали се работи за индивидуален, колективен, олимписки или неолимписки спорт.

Можам да кажам и дека ќе продолжиме со оваа пракса во иднина и ќе се потрудиме да зголемиме помошта и овие деца да добијат поголема поддршка од државата. Ова е уште еден чекор со кој покажуваме дека се грижиме за малдите и иднината, што е од големо значење за нас во промовирањето на здраво општество и градење на вистински вредонсти.

Овие стипендии ги доделуваме по предлог од матичните федерации. Ова е само еден  континуитет кој сакаме да го задржиме со федедерациите, нашиот односот да се заснова на резултати, доверба и нулта можност за корупција. Стипендијата е со важност од една година, но се надеваме дека идната година ќе биде поголема или пак може ќе успееме да направиме модел кој ќе даде подобри резултати. Ние веќе направивме и едно прочистување на списокот на деца кои земаат стипендии, годинава 48 деца помалку добија стипендија, затоа што се покажа дека тие се фиктивно внесени во списоците и не се занимаваатсо спорт, изјави Ристовски.

ИЗДВОЕНИ