Министерот Борко Ристовски го поздрави обединувањето во македонското пливање

45

По повеќедецениски поделби во македонскотото пливање, денеска можеме со
гордост да кажеме дека конечно имаме обединување во интерес на спортот. На
ова Собрание на Националната пливачка федерација, двете поделени страни
застанаа зад изборот на претседателот на федерацијата кој доби едногласна
поддршка од сите клубови учесници на Собранието, истакна министерот за спорт
Борко Ристовски во своето обраќање до присутните.

Ристовски присуствуваше на денешното изборно Собрание на Националната
пливачка федерација на која за нов претседател едногласно беше избран Сашо
Лазаровски.

Министерот изрази задоволство од овој обединувачки момент во македонското
пливање и најави дека Министерството за спорт ќе посредува и директно ќе
помага во решавање на проблемите кои со години го обременуваат овој спорт.

  • Сакам да ги поздравам сите што ја прифатија мојата иницијатива за обединување
    во пливањето и да го повторам тоа што го кажав на состаноците со
    претставниците од двете страни. А, тоа е дека по изборот на новиот претседател
    на Национална пливачка федерација, Министерството за спорт ќе посредува и
    директно ќе помага во решавање на проблемите што беа натрупани во овој спорт
    и дека во најбрз можен рок сметката на федерацијата ќе биде одблокирана. Не
    смееме да дозволиме поделбите да одат на штета на пливањето, на пливачите и
    на сите деца што се занимаваат со овој спорт – рече министерот Ристовски.

ИЗДВОЕНИ