Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Казахстан Н.Е. Сатибалди Буршаков. На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на билатералната соработка во енергетскиот сектор, со посебен акцент на обновливите извори на енергија и инфраструктурните проекти.
Министерката Божиновска ја истакна важноста од зајакнување на енергетската независност на земјата преку диверзификација на изворите на енергија и инвестирање во одржливи проекти. Таа изрази подготвеност за соработка со Казахстан во размена на искуства и технологии кои ќе придонесат за економскиот развој на двете земји.
Амбасадорот Буршаков ја нагласи заинтересираноста на Казахстан за соработка во енергетската област, истакнувајќи ги успесите на неговата земја во развојот на обновливите извори на енергија и модернизацијата на енергетската инфраструктура.
Двајцата соговорници се согласија дека соработка и размената на експертиза помеѓу земјите придонесува за подобрување на енергетскиот сектор во целина.