Минималната плата во Македонија во моментов е 22.567 денари или 367 евра. Ако двајца возрасни во семејството земаат минимална плата, тие можат да купат едвај половина од основните производи, што значи дека, според минималната синдикална кошничка, која е пресметана на 63.252 денари, за да го „протуркаат“ јануари ќе им недостасуваат уште 18.000 денари.
Во услови кога се чека абер од Владата за одржување на Економско-социјалниот совет, на чиј дневен ред треба да се најде минималната плата, сè повеќе се лицитира со барањата колкаво да биде најниското примање на работниците во Македонија. Од власта најавуваат дека би преговарале за минималец од 450 евра, коморите и синдикатите бараат 500 евра што за економски аналитичари во моментов и тие се малку и сметаат дека таа треба да се постави на 50 отсто од синдикалната кошничка, а во моментов би било 515 евра.
Занаетчиската комора, пак, предлага минимална плата од 700 евра и таа е возможна само со еднаквост и реална поддршка за формалната економија. Премиерот Христијан Мицкоски, пак, деновиве изјави дека Владата ќе прифати сè за што ќе се договорат работниците и работодавачите
Во услови кога се чека абер од Владата за одржување на Економско-социјалниот совет, на чиј дневен ред треба да се најде минималната плата, сè повеќе се лицитира со барањата колкаво да биде најниското примање на работниците во Македонија.
Минималната плата во Македонија во моментов е 22.567 денари или 367 евра. Ако двајца возрасни во семејството земаат минимална плата, тие можат да купат едвај половина од основните производи, што значи дека, според минималната синдикална кошничка, која е пресметана на 63.252 денари, за да го протуркаат јануари ќе им недостигаат уште 18.000 денари.
Економско-социјалниот совет е трипартитно тело на власта, работодавачите и синдикатот и секој од нив излегоа со своја проценка за минималната плата. Најниската минимална плата, според проценките на Министерството за економија, од март годинава ќе биде 24.400 денари, односно 400 евра. Синдикатот жестоко ја критикува оваа проценка и велат дека 24.400 денари не се доволни за достоинствен живот и предложија минималното примање во државава да биде 450 евра. Потоа министерот за економија, Бесар Дурмиш,и најави дека би можело на ЕСС да се преговара за минимална плата од 450 евра.
Но, во лицитирањето не се застана на оваа бројка. ССМ потпомогната од Конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ) се согласија за минимална плата од 500 евра, исто како и Стопанската комора на северозападна Македонија. Според нив 500 евра е реална сума за минимална плата, но дадоа предлог придонесите за вработените да останат исти, на ниво на сегашната минимална плата. За сегашниот минималец работодавачите плаќаат по 9.700 денари придонеси. Затоа, пак, од Организацијата на работодавачи велат тоа тешко може да се реализира. Нивното образложение е дека ако минималната плата биде 30.000 денари, тогаш и сите останати плати во државата треба да се зголемат за 25 отсто.
Според економски аналитичари и 500 евра веќе се малку за минимална плата, и сметаат дека таа треба да се постави на 50 отсто од синдикалната кошничка, за да може едно семејство со двајца вработени со минимална плата да ги задоволи своите најосновни потреби. Тоа во моментов би било 515 евра.
Од Занаетчиската комора на Македонија пак, предложија минимална плата од 700 евра. Претседател на оваа комора, Агрон Фазлији вели дека минималната плата од 700 евра е неопходност, но мора да биде придружена со субвенции од државата за придонесите на малите и средни претпријатија. Тој предлага Владата да субвенционира 30% од придонесите за да ја олесни економската тежина на формалниот сектор.
– Мораме да обезбедиме зголемување на платите и да го спречиме иселувањето на младите. Минималната плата од 700 евра е возможна само со еднаквост и реална поддршка за формалната економија – е неговата оценка.
Премиерот Христијан Мицкоски, пак, деновиве изјави дека Владата ќе прифати сè за што ќе се договорат работниците и работодавачите.
Во март треба да се случи законското зголемување на минималната плата што ја најави министерот Дурмиши – од сегашните 22.567 денари на 24.400 денари. Лани во регионот најнизок минималец од 316 евра имаа работниците во БиХ, но владата на федерацијата одлучи минималната плата во тековнава 2025 година да се зголеми на 511 евра. Косово пред половина година го зголеми минималецот на 350 евра. Најниската плата во Албанија е околу 400 евра, а во Србија е 450 евра. Од земјите во Европската Унија, најниската плата е во Бугарија и изнесува 477 евра, а највисока минимална плата се исплатува во Луксембург од 2.571 евро.
(С. Бл.)