Тимот на јавното претпријатие „Лајка“ неделава заловил 34 кучиња од општините: Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Чаир, Аеродром и Кисела Вода.

Од претпријатието апелираат до граѓаните доколку забележат куче на јавна површина кое го нема поминато третманот во прифатилиштето, да пријават на: info@lajka.com.mk.