Ураганот „Милтон“ силно удри на Флорида, повеќе од три милиони луѓе во моментов се без струја. Дува ветер со над 200 километри на час, кренато е нивото на морето, а спасувачките служби со оглед на опасноста не се во можност да излегуваат на терен.
Шефицата на полицијата во Брадентон, Флорида каде уште не е разденето во разговор за Би-би-си даде црно предвдување за она што ќе се случува кога ќе помине најголемата опасност.
„Мислам дека тоа нема да биде спасување откако ќе се смири бурата… Она што веројатно ќе го најдеме наутро се тела“.
На снимките од ова место се гледа хаосот што го предизвикува ураганот, уништени куќи, поплавени улици, покуќнината од домовите е буквално исфрлена на улица.
Мелани Беван вели дека нејзините колеги ги поминале последните три дена евакуирајќи ја канцеларијата.
Нејзиниот тим префрли повеќе од 45.000 парчиња имот, докази, оружје и опрема на безбедно место – „сето тоа во подготовка за денес“, вели таа.
Беван и другите полицајци моментално се во новата зграда, спроти полициската управа, која е изградена да издржи урагани од петта категорија, и гледаат како подигнувањето на нивото на морето драматично го зголемува нивото на водата на реката што минува низ градот.
„Нивото на водата веќе порасна за околу еден метар, а ние сè уште се опоравуваме од ураганот Хелена што не погоди минатата недела“, вели таа.
Беван вели дека имало „значителни ветрови“ во првите неколку часа од доаѓањето на Милтон, па додава дека „ова второ полувреме е многу полошо“.
„Тоа не погодува силно. Гледаме покриви како летаат, дрвја летаат наоколу. Тоа е прилично грдо таму“, додава таа.
Таа вели дека полицијата им кажала на жителите да ги напишат своите имиња и имињата на нивните најблиски на рацете со црн фломастер за да се најде некој да дојде да ги земе нивните тела.