Српскиот ракометен репрезентативец Милош Кос по тепачката во ППД Загреб го напушти хрватскиот шампион и премина во редовите на бундеслигашот Ерланген.
Хрватскиот шампион и бундеслигашот постигнаа договор за трансфер на 22-годишниот лев бек во зимскиот преоден рок, па така, Милош Кос доби наградно патување во Германија.
Верзијата позната за јавноста е дека голманот Матеј Мандиќ, инаку дотогаш добар пријател на Милош Кос, му пререкол „нешто“ уште за време и по натпреварот. Кос го удрил, а потоа и самиот бил нападнат од Срна. Од ударот Мандиќ завршил во болница, ќе го пропушти СП, а Кос беше суспендиран од страна Загреб кој за овој трансфер ќе инкасира 200.000 евра.