Миљана и Владимир Кецмановиќ побарале на следното рочиште да го испрашуваат синот

673

Момчето Коста Кецмановиќ (14), кој изврши масовно убиство во основното училиште Владислав Рибникар, вчера беше изведен во Специјалниот суд каде сведочеше во судскиот процес против неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ. Како што пренесува Танјуг, прашања му поставувале судијата, обвинителот, адвокатите на оштетените, а одговарал и на прашања на член на семејството на убиените.

Како што пренесоа српските медиуми, тој на рочиштето посочил дека „масакрот го извршил поради неговата мајка Миљана Кецмановиќ, која инсистирала тој да биде најдобар од сите“.

Неговото сведочење траеше повеќе од три час. Следното судење е закажано за 17 октомври кога, како што пренесоа медиумите, прашања ќе му поставуваат неговите родители.

Прашањата до Коста.К. му ги поставувал главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, и тоа е првпат во процесот директно да учествува и шеф на обвинителство.

Коста при влегувањето во судницата не ги ни погледнал родителите Миљана и Владимир Кецмановиќ, а ја обвини мајка си за масакрот.

Според изворот на порталот Република, Коста изнел нови детали кои според него го навеле да го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај минатата година.

– Беше лута што не бев најдобар. Бев лут на неа затоа што постојано го бараше тоа, а тоа влијаеше да го извршам масакрот. Таа ми викаше и ме притискаше – истакна момчето убиец.

Според информациите на српскиот портал Република, Коста го спомнал и пиштолот на татко му со кој пукал во своите врсници.

– Да го немав пиштолот на татко ми, немаше да го сторам ова – рекол Коста.