Милијардер откри дека успехот може да се постигне во три едноставни чекори: Звучи едноставно, но има финта!

80
Фото: pixabay

Милијардерот Реј Далио (75) тврди дека успехот може да се постигне во три едноставни чекори кои секој може да ги примени.

Прво, договорете се со себе што навистина сакате. Второ, одредите како може реално да ги постигнете своите цели. И трето, следете го тој пат со непоколеблива решителност, пишува CNBC.

„Луѓето кои постигнуваат успех и напредок добро ги разбираат причинско-последичните врски што ја регулираат реалноста и знаат како да ги искористат за да го добијат она што го сакаат“, напиша Далио, основачот и поранешен извршен директор на инвестицискиот фонд Bridgewater Associates на LinkedIn.

Формулата на Далио можеби звучи едноставно, но има финта, а тоа е дека мора да имате разумни очекувања за тоа како би можел да изгледа успехот.

„Не ми е гајле дали сакате да бидете „господар на универзумот“, само да седите на каучот или што и да е“, напиша Далио, чие богатство, според Форбс, се проценува на 14 милијарди долари.

„Некои луѓе сакаат да го променат светот, додека други сакаат да уживаат во едноставен живот. Ниту едното не е подобро. Секој од нас мора да одлучи што најмногу цени и да избере пат за да го постигне тоа“.

Марк Кубан, уште еден милијардер кој се збогатил благодарение на сопствениот труд, има сличен став за успехот.

„Успехот не е нужно во тоа колку пари имате на вашата сметка, туку во тоа да знаете што сакате и како да го добиете“, рече тој минатата година на подкастот „The Path“ на LinkedIn.

„Успехот е едноставно да поставите цел и да можете да се будите секое утро чувствувајќи се задоволни од она што сте го постигнале“, рече Кубан.

Според него, сите успешни луѓе имаат една заедничка особина: подготвеност да работат напорно за она што го сакаат и истрајност во надминувањето на пречките и неизвесноста. Самиот Кубан работел на различни работи, доживеал бројни подеми и падови и бил на работ на банкрот пред да стане милијардер.

„Единственото нешто во животот што можете да го контролирате е вашиот напор“, рече претприемачот и инвеститор Рандал Каплан, исто така на LinkedIn. „Ако сте спремни да работите напорно, имате огромна предност во однос на вашите конкуренти, бидејќи повеќето луѓе не го прават тоа“, вели Каплан.

ИЗДВОЕНИ