Зоран Милановиќ останува претседател на Хрватска. Во вториот круг од претседателските избори тој убедливо го победи кандидатот на ХДЗ, Драган Приморац.
Според официјалните резултати, Милановиќ освоил 74 отсто од гласовите, а Приморац 26 отсто.
Во победничкиот говор од неговиот штаб уште на почетокот рече дека ќе биде краток.
„Хрватска, благодарам. Босна и Херцеговина, благодарам на сите хрватски граѓани во светот. „Ова е голем ден за мене лично, оваа победа ја гледам како чин на доверба на луѓето во мене“, нагласи тој.
Тој побара и аплауз за членовите на ХДЗ кои гласаа за него.
Од публиката се слушна „Зоки, Зоки“.
Милановиќ рече дека овој резултат е порака до Владата на Хрватска и побара од Владата да го слушне.
Ќе се држам до Уставот“, рече тој.
Тој додаде дека според Уставот ќе остане врховен командант.
Милановиќ истакна дека зад себе има долгогодишна работа.
Довербата тешко се стекнува, а се губи на око“, рече меѓу другото претседателот на Хрватска.
Тој заврши со зборовите: „Да живее нашата Хрватска, да живее“.