По серијата лоши партии во дресот на Армани Милано, македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ доби замена откако клубот го ангажираше Нико Менион.

Армани Милано лошо влезе во Евролигата и по првите седум кола забележа само две победи, што го вклучи алармот кај тренерот Еторе Месина. Дополнително, нашиот плејмејкер беше остро критикуван изминативе неколку дена поради бледите изданија на паркетот, па од клубот решија да доведат ново засилување, кое дојде од Варезе, за обесштетување од 300.000 долари.

ИЗДВОЕНИ