Стандардниот српски репрезентативец, Страхиња Павловиќ, ќе ја продолжи кариерата во Милано, објави најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо.

Трансферот ќе изнесува 18 милиони евра и само лекарските прегледи го делат од црвено-црниот дрес. Како што наведува споменатиот извор, бекот договорил повеќегодишен договор. Тој досега беше член на Салцбург, каде што забележа 49 настапи и постигна два гола.