На само шест години, малата Мила Стефановска успеа да внесе свежина, искреност и несекојдневен шарм на големата сцена на „Златно славејче“, со своето музичко деби – песната „Мила прави торта“. Оваа манифестација, која долги години претставува платформа за промоција на детскиот талент, доби ново лице во ликот на најмладата учесничка досега, која ги воодушеви сите присутни со своите храброст, детска искреност и талент.
Песната „Мила прави торта“ не е само детска композиција, таа е и весела ода за радоста на животот, малите моменти и за моќта на љубовта што ги прави работите поубави. Со разигран текст и со мелодија што веднаш се памети, оваа песна ве носи назад, во најбезгрижните детски денови.
Настапот на Мила на сцената на „Златно славејче“ беше нејзин прв чекор во светот на музиката, а нејзините природност и шарм беа најголемите ѕвезди на вечерта.
Покрај тоа што успеа да се истакне како најмлада учесничка на „Златно славејче“, Мила стана инспирација за сите деца што сонуваат да застанат на големата сцена. Со своите насмевка и харизма, таа покажа дека никогаш не е прерано да се започне со исполнување на соништата.
Оваа песна е достапна за сите оние што сакаат да ја слушнат радоста што ја носи детството и да ја почувствуваат магијата на музиката преку гласот на Мила. Без сомнеж, „Мила прави торта“ ќе стане мелодија што ќе се пее во домовите, градинките и во училиштата, носејќи среќа и насмевки каде и да се слуша.