Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Мајк Тајсон, зажали што влезе во рингот со Џејк Пол, кој е 31 година помлад од него. Покрај поразот, легендарниот боксер откри дека не се сеќава на поголемиот дел од борбата.
- Не се сеќавам на борбата. Малку бев онесвестен. Се сеќавам само на почетокот на втората рунда, Џејк правеше нешто, не разбрав што.
Не се сеќавам на силината на неговите удари, но, по борбата, ме болеше целото тело, особено градите и стомакот – истакна Тајсон.
Тој призна дека не разбира зошто се согласил за борбата.
- Дента по борбата се разбудив и ја прашав сопругата: „Зошто се борев?“
Според некои информации, Тајсон заработил 20 милиони долари од борбата, а Џејк Пол двојно повеќе.