Мик Џегер во деветтата декада реши да се „смири“ – се вери со 37-годишната Мелани Хемрик, но нема намера да брза со свадбата/ФОТО

1484
EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

За тоа дека Мик Џегер и Мелани Хемрик се свршија пред две-три години, а веста за свршувачката беше случајно откриена во неодамнешното интервју за „Paris Match“, пишува „TMZ“.

И покрај ова, Мелани вели дека не брзаат со свадбените подготовки.

„Можеби ќе се венчаме еден ден, можеби не. Толку сме среќни со животот што го имаме во моментов што не сакаме ништо да промениме“, рече таа во интервју за „Paris Match“.

За потсетување, тие двајца се запознаа во 2014 година на концерт на Ролинг Стоунс во Токио, каде Мелани дојде како танчерка.

Таа тогаш имала 26 години, а она што го памети е дека Џегер ја поздравил додека минувал. Очигледно, познатиот музичар се „смирил“ откако е со неа. Некогаш менуваше девојки, но сега Мелани и неговиот син го придружуваат на сите негови заеднички турнеи.

ИЗДВОЕНИ