Поминаа речиси 12 години откако Михаел Шумахер последен пат беше виден во јавноста, а за неговата здравствена состојба слушаме само шпекулации и полуинформации од неколкуте пријатели, кои имале шанса да го посетат по несреќата која му се случи за време на скијање.

Семејството инсистира да ја сокрие вистинската ситуација, едноставно затоа што сака да го заштити славниот шампион во Формула 1, но треба да ги разбереме и навивачите кои сакаат да знаат како им е нивниот идол.

Така, пред пет години, професорот Ерих Ридерер од Цирих имаше интересна теорија за Михаел Шумахер, теорија која до ден-денес најблиску го опишува шампионот на Ферари: „Мислам дека е во вегетативна состојба, буден е, но не реагира.

Сличен став до оваа теорија има и италијанскиот хирург Никола Акари од Болоња, кој се сретнал со слични пациенти како Шумахер, но лично не го лекувал.

  • Физички, многу се променил, повеќе не е истиот човек. Сега не би го препознале, истакна Италијанецот пред неколку дена.

Малкумина имале можност да го видат Михаел Шумахер по несреќата, а семејството едноставно не дозволува никој да му пријде, освен оние кои биле подложни на сериозна проверка. Еден од нив е Жан Тод, кој со Шумахер работеше во Ферари.

  • Луѓето би биле шокирани да го видат Михаел Шумахер денес. Тој е поинаков, но прекрасно опкружен со љубовта на неговото семејство. Неговиот живот е сосема поинаков сега. Го видов, тој се бори. Ги гледаме трките заедно. Но, се разбира, ми недостига стариот Шумахер. Тој едноставно веќе не е истиот, изјави Жан Тод пред неколку години.

 

ИЗДВОЕНИ