Македонскиот премиер Христијан Мицкоски присуствуваше на инаугурацијата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп.
Како што објави на своите социјални мрежи, тој овој настан го следеше од Вип ложата во Вашингтон. Заедно со него беше и претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли.
„Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли, во ВИП ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности,“ напиша Мицкоски на Фејсбук.