Мицкоски се сретна со Орбан, разговарале за зајакнување на економската соработка, инвестициите, енергетиката

15

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имаше средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Сo интонирање на националните химни и со највисоки државни и воени почести премиерот Христијан Мицкоски и владината делегација што ја предводи беа пречекани денеска во Будимпешта на платото во кралскиот дворец од страна на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Двајцата премиери одржаа тет-а-тет средба, а во тек е заедничката пленарна седница на двете влади, по што Мицкоски и Орбан ќе одржат заедничка прес-конференција, јави специјалниот известувач на МИА од Будимпешта.

– Разговаравме за клучни прашања од заемен интерес, зајакнување на економската соработка, инвестициите, енергетиката, инфраструктурата и европската перспектива на Македонија, напиша Мицкоски на Фејсбук.

ИЗДВОЕНИ