Македонската економија ќе ја раздвижат 250. милиони евра од унгарскиот кредит за компаниите, кои пак заедно со кредитот од 250 милиони евра наменет за капитални инвестиции во општините и со директните странски инвестиции во 2024 година, кои премиерот Христијан Мицкоски очекува да надминат една милијарда евра.
– Очекувам кредитната линија да создаде инвестициски бран од минимум 300 милиони евра заедно со проектите во општините кои се инвестициски бран за реализирање капитални инвестиции од 250 милиони евра, како и странските директни инвестиции што очекувам во втората половина од годината да натфрлат една милијарда евра. Тие ќе придонесат да порасне процентот на БДП, по глава на жител и раздвижување на економијата со што повторно ќе бидеме најдобри во регионот. Логично е сите овие индикатори и консолидирањето на буџетскиот дефицит и приходите да резултираат со коригирање во позитивна нагорна линија на прогнозите на меѓународните финансиски институции за раст на македонската економија, како што тоа го направи Светска банка која најпрво предвидуваше раст на економијата од 1,8 процент – истакна Мицкоски.
Тој очекува растот на БДП во четвртиот квартал од 2024 година да биде помеѓу 3,5 и 4 проценти, што значи да оди во нагорна линија и годинава да дојде до 3 проценти на годишно ниво, нешто што ќе ги надмине и владините позитивни очекувања.