За сите оние кои што било како допринеле со милиметар да се случи ова кое што се случило, ќе има одговорност, без разлика дали се тие од ВМРО-ДПМНЕ, дали се од СДСМ, ДУИ или од некоја друга политичка партија, без разлика дали се Македонци, Албанци или други, без разлика дали се христијани или муслимани. За секој оној за кој ќе биде утврдена одговорност ќе одговара, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во централниот дневник во „Тема на денот“ на ТВ Сител.
Премиерот Мицкоски вели дека нема запирање и се она кое што претходно се сокривало односно како што рече се ставило под тепих ќе биде откриено и ќе се дознае, се до крај додека не следува целосна одговорност.
И не само за овој случај, ќе одговараат за многу други случаи, кои во минатото кај граѓаните и во нивната меморија оставија чувство на сомнеж дали е навистина се постапено онака како што требало да е постапено. Сега е моментот се она кое што порано било ставано под тепих да биде откриено, и се она кое што било ставано под тепих да биде решено, изјави тој.
Ние тргнавме и запирање нема. Ќе одиме до крај. Сакаа да го видат крајот, епа ќе го видат крајот, дециден е премиерот Мицкоски.